Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар денеска имаше брифинг со медиумите на кој покрај директорот Миленко Неделковски, присутни беа и тренерот Кристијан Фабијани и дел од фудбалерите кои следната сезона ќе ги бранат „црвено-црните“ бои.
Фабијани изјави дека е задоволен од стартот на подготовките, а даде и свое мислење за македонската лига.
„Задоволен сум од стартот, играчите дојдоа подготвени, имаме голема цел и високи амбиции. Може да се случи се, но од наша страна што е одговорност ќе се подготвиме добро за предизвиците. Лигата има конкуренција, но Вардар мора да доминира. Не сите клубови ги имаат овие услови, и очекувам да бидеме доминантни. Самото доаѓање ми беше мотив затоа што доаѓам во најголемиот клуб во Македонија, имам 42 госини и пет години искуство, и сакам да се докажам тука. Јас сум тренер кој имам доверба во себе. Сум работел и со млафи и возрасни. Најважно е да направам хомогена група, верувам дека тоа ќе успее и верувам дека тоа ќе донесе успех и на меѓународна сцена“, изјави Фабијани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
