Фабијани пред реваншот со КУПС: Да го смениме менталитетот, сакам да видам организиран Вардар

Вардар утре го игра реваншот во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против фински Купс. Македонскиот првак ќе мора да направи сензација и да брка негатива од два гола, по натпреварот во Скопје во кој финаскиот тим стигна до 0-2 предност.

Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани најави дека очекува тимот да го смени менталтитетот, и очекува да види организиран Вардар и пред се дисциплиниран.

„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено. Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар“, рече Фабијани.

Се вчитува...