Фабињо: Подготвен сум за деби во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул, Фабињо вели дека е подготвен за деби во Премиер лигата откако не одигра ниту еден натпревар од доаѓањето на „Енфилд“.

Фабињо летово за 44 милиони фунти дојде од Монако, а покрај тоа што играше во сите девет подготвителни меча, тренерот Јирген Клоп ниту еднаш не го стави во тимот во Премиер лигата. Во триумфот над Вест Хем беше на клупата, додека на останатите три дуели не беше ниту во комбинација за настап.

„Добро се адаптирав во новата екипа. Подготовките беа навистина добро, одигравме девет меча а јас настапив на сите девет. Се прилагодувам на стилот на игра на Ливерпул, а искусните фудбалери и тренерот многу ми помогнаа. Фирмино многу ми помага. Добро е што има и други Бразилци во екипата. Може да кажам дека навистина сум подготвен за деби во Премиер лигата. Навистина со нетрпение го чекам тоа“ – вели Фабињо.

Се вчитува...