Фабрегас до Меси: Немој да се лажеш дека ќе ти биде лесно во Франација

Мегатрансферот на Лео Меси го направи ПСЖ апсолутен фаворит за титулата во Лигата на Шампионите, а воопшто не се споменува француското првенство во кое „светците“ според сите прогнози би требале да се „прошетаат“ на патот до трофејот. Сепак, Цеск Фабрегас гласно му порача на Меси да не очекува дека ќе му биде лесно на натпреварите од францускиот шампионат, каде ривалите вообичаено одлично се бранат против фаворити како што е ПСЖ.

Фабрегас, кој настапуваше крај Меси во Барселона, сега е член на Монако, а токму неговиот гол за триумф на „кнезовите“ му пресуди на Томас Тухел кој доби отказ во францускиот гигант. Фактот дека во последните години Монако и Лил успеаја да го симнат ПСЖ од тронот на францускиот фудбал е доволно предупредување дека „светците“ нема да имаат нималку лесна задача на домашната сцена.

„Меси треба да знае, воопшто не е лесно да се игра во Франција, како што мислат многу луѓе. Кој можеше да претпостави дека Лил ќе биде шампион минатата сезона? Никој, но кога ќе се состави група што е силен колектив се е возможно. Лигата е интензивна, со многу брзи и физички многу цврсти играчи. Екипите се бранат исклучително добра, мислам дека Меси ќе се изненади“, изјави Фабрегас.

Се вчитува...