Фабрегас доведе „бисер“ на Барса во Комо

Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на Шампионите, а младиот стратег не отстапува од идејата да дава шанси на млади фудбалери кои правилно се развиваат во најголемите шпански клубови.

Тоа се покажа како вистински потег со Нико Паз од Реал Мадрид, па Фабрегас и Комо денеска завршија уште една одлична работа, носејќи го Андрес Куенка од Барселона. Станува збор за млад дефанзивец кој ги мина сите младински категории на каталонскито гигант, во првиот дел од сезонава имаше и настап за Барса во ЛШ, а последните шест месеци ги мина на позајмица  во Спортинг Хихон.

Тој беше стандарден првотимец во У19 селекцијата на Шпанија што се закити со титулата европски првак, по што следеше потпис со Комо, во трансфер вреден скромни 500.000 евра и значаен процент од следниот трансфер на Куенка.

„Андрес Куенка е млад дефанзивец со одлична техничка способност, енергија и сила. Имаше важна авантура низ младинската академија на Барселона, дури и дебитираше за првиот тим во Лигата на Шампионите, тој е модерен фудбалер, кој е полн со самодоверба и се чувствува удобно кога ја има топката во свој посед. Веруваме дека може уште повеќе да напредува како дел од нашиот проект и затоа сме пресреќни што му посакуваме добредојде во Комо“, изјави тренерот Фабрегас.

Се вчитува...