Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, изјави дека неговиот тим постигнал огромно достигнување со пласманот во Лигата на шампионите. Во неделата, Комо го победи Кремонезе со 1-4 на гостински терен во натпревар од последното 38. коло од Серија А.
Фудбалерите на Комо ја завршија сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што беше доволно за историскиот пласман на овој тим во Лигата на шампионите.
„Кога пристигнав пред четири години како играч, се пресоблекувавме во бар, денеска сме во Лигата на шампионите. Потоа трениравме без спортски центар, на место за кое дури и не се сеќавам каде беше… А денеска, помалку од четири години подоцна, ќе играме во Лигата на шампионите“, рече Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
