Фабрегас: Монако мора да опстане, имаме уште 15 финалиња до целта

Монако по подолг период конечно победи. „Кнезовите“ го добија Тулуз со 2-1 на домашен терен, а стрелец на победничкиот погодок беше новото засилување, шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас. Тој вели дека мисијата на сите во клубот е опстанокот во француската елита.

„Оваа победа ни дава мотив. Тргнуваме од дното, но ја знаеме нашата мисија. Монако мора да обезбеди опстанок. Имаме уште 15 финалиња за играње до крајот на сезоната и се надевам дека ќе се однесуваме токму на дуелот против Тулуз. Имаше и грешки, но и огромна желба да се стигне до триумф“, изјави Фабрегас.

Монако по 23 кола има 18 бода и се наоѓа на 18.позиција на табелата. Се уште е во опасната зона, но со идентичен број бодови како и Каен, кој е ’над летвичката’ за спас.

Се вчитува...