Цеск Фабрегас испиша историја со освоеното четврто место во Серија А со Комо, но на шпанскиот стратег му е јасно дека ќе мора да го засили играчкиот кадар ако се знае дека следната сезона го очекува и настап во Лигата на Шампионите.
Буџетот останува лимитиран, затоа Фабрегас не ни разгледува скапи супер-ѕвезди, но шпанскиот стратег фрлил око на засилување од Ливерпул како идеално за неговиот стил на игра во Комо. Станува збор за Федерико Киеза, италијанскиот репрезентативец кој две години мина на „Енфилд“, но речиси и да не добиваше шанса од Арне Слот.
Холандскиот стратег во меѓувреме доби отказ, но статусот на Киеза останува несигурен, Италијанецот сака да се врати назад во татковината, а Фабрегас најавува дека ќе стори се за да го убеди да дојде токму во Комо.
Финансиите претставуваат проблем со оглед на лимитираниот буџет на Комо, па се најавува дека ќе биде испратена понуда за позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп за следното лето, кога Комо ќе ги има на сметка и милионите од овогодинешното учество во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
