Фахрудин Ѓурѓевиќ потпиша за Храдец Кралове

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Фахрудин Ѓурѓевиќ својата кариера ќе ја продолжи во чешкиот второлигаш Храдец Кралове.

Ѓурѓевиќ изминативе четири сезони настапуваше за Варнсдорф, исто така во Чешка, за да сега се одлучи да потпиша двегодишен договор со Храдец Кралове.

26-годишниот Ѓурѓевиќ, кој има и осум настапи за младата селекција на Македонија, претходно во својата кариера има настапи и за Македонија ЃП и Вардар во македонскиот шампионат, како и за српскиот суперлигаш Спартак Суботица.

Се вчитува...