Фаик Весели освои бронза на МОИ во Буенос Аирес

Каратистот Фаик Весели е носител на бронзен медал на Младинските Олимписки Игри во Буенос Аирес. Тоа е прво одличје за Македонија на ова натпреварување.

Во борбата за финале, Фаик Весели во во крајно неизвесна борба загуби од Јапонецот Масаки Јамаоко. При резултат 0-0 и три опомени (чукоку) и за двајцата каратисти, судијата, на девет секунди до крајот на борбата му додели четврта опомена на македонскиот каратист, што значеше крај на мечот и победа за Масаки Јамаоко, кој се пласираше во финалето.

Се вчитува...