Фајналфор во Евролигата: ЦСКА ја брани круната

Најдобрите четири тима од европската кошарка денеска во „Ланксес Арената“ во Келн ќе си ги одмерат силите за најпрестижниот трофеј на „стартиот континент“. Барселона, ЦСКА Москва, Анадолу Ефес и Милано се овогодишните учесници на „Ф4“ турнирот, кој секоја години приредува спектакл, а го краси неизвесноста и тоа што секој може да победи секого.

На првиот полуфинален дуел кој е со почеток од 18 часот силите ќе си ги одмерат минатогодишните финалисти Анадолу Ефес и ЦСКА Москва. Ова воедно ќе биде дуел и на најдобрите напади во лигата. ЦСКА во просек постигнува 84.4 поени по натпревар, додека Ефес 84.1 поен.

„Ефес е извонреден тим кој игра одлична кошарка. Може да се каже дека ова е реприза на финалето од 2019 година. Имаат ист тренер, исти играчи и иста филозофија. Ефес во своите редови има одлични кретивци кои шутираат добро, а имаат и добар проток на топката. Ќе мораме да одиграме добро во одбраната за да им ја отежнеме работата. Имаме неколку планови и интензивно работиме на нив. Ќе се обидеме да ги успориме, а не да ги запреме. Не можеш нив да ги запреш“, изјави тренерот на московскиот тим, Димитрис Итудис.

„ЦСКА е физилчки многу добар тим со многу многу високи играчи кои добро шутираат од надворешните позции. Не чека тежок натпревар. Можеби играат различна кошарка без Мајк Џејмс, но играат доброо и без него. Подготвивме различни стратегии па ќе видиме која ќе даде резултат. Некој би рекол дека стратегијата е најважна, но јас сакам да го искористам потенцијалот на моите играчи. Хемијата во тимот ни дозволува да играме кошарка каква што сакаме и се надевам дека тоа ќе не одведе до победа“, изјави тренерот на Ефес, Ергин Атаман.

Вториот патник во финалето помеѓу екипите на Барселона и Милано ќе биде одлучен со почеток од 21 часот. Шпанскиот тим е фаворит за денешниот меч, но во ниеден случај не смее да се потцени италијанскиот состав предводен од фантастичниот Еторе Месина кој во своите редови ги има и преискусните Родригез, Хајнс и Датоме.

„Не се сомневам дека е тешко да победите ист тим три пати, посебно кога станува збор за сјајна екипа како Олимпија. Секоја подготовка за противникот е различна. Знаеме и дека подготвуваат нешто ново за нас нешто. Притисокот е огромен. Но, кога си на Фајнл 4 мораш да играш на високо ниво во сите 40 минути и да бидеш подготвен за се“, изјави Никола Миротиќ.

„Кога играте против толку јака одбрана и толку добра организирана екипа веќе знаеме дека ќе шутираме од лоши позиции. Тоа е дел од играта. Ќе шутнеме многу лоши обиди, и затоа мораме да ги лимитираме истите со офанзивен скок и да го намалиме бројот на грешки. Се надевам дека ќе успееме тоа да го спроведиме на дело“, изјави тренерот на Олимпија, Еторе Месина.

Се вчитува...