Денеска е „Денот Д“: Факундо Кампацо се поблиску до гостување во Скопје

Факундо Кампацо наскоро се очекува да стави потпис на двогодишен договор со белградскиот гигант Црвена Звезда. Аргентинскиот репрезентативец по неуспешната епизода во НБА лигата се враќа во Европа, а најголем интерес предизвика српскиот состав кој е подготвен да издвои 4.3 милиони евра (1,8 милиони за оваа сезона и дури 2,5 милиони евра ако Кампацо реши да остане во Белград и во сезоната 2023/24).

Неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид имаше опција да ја изедначи понудата на Црвена Звезда, но последните информации од Шпанија велат дека до тоа нема да дојде. Со тоа 31-годишникот е слободен да „слета“ во Белград каде ќе биде огромно засилување за актуелниот шампион на АБА. Денеска истекува рокот во кој Реал може да ја израмни понудата на „црвено-белите“, по што Кампацо ќе има одврзани раце за потпис со Црвена Звезда.

Тоа воедно значи и гостување на двократниот освојувач на Евролигата во Скопје на натпреварот против МЗТ Скопје кој ќе биде одигран на почетокот на 2023 година.

Се вчитува...