Фала многу, Металург – на Вардар не му треба Гурбиндо кога го има Кевин Нијокас

Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата пред мечот со Брест Мешков изјави дека не очекува заминувањето на Гурбиндо да остави трага врз нападот на Вардар.

По денешното издание на Кевин Нијокас, јасно е дека „Вујо Мајсторе“ е целосно во право. Французинот кој пред само десетина дена пристина во Вардар од редовите на градскиот ривал Металург експресно се адаптираше во новата средина, а вечерва беше извонреден против Брест Мешков, постинувајќи осум погодоци без ниту едно промашување.

Ако на ова се додадат и петте гола (исто така без промашување) на Кубанецот Моралес, јасно е дека Вардар не би требало да има проблем со офанзивата од позицијата десен бек.

Се вчитува...