„Фалангата“ има една желба – победа над Чешка, па да славиме долго во ноќта

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонските навивачи денеска се во поголем број во Виена отколку пред два дена, па се очекува ракометарите да имаат уште поголема поддршка од трибините на „Штадхале“ во австриската метропола.

Атмосферата се загрева во една од македонските фан-зони во близина на арената, која на два часа пред почетокот на мечот беше преполна со навивачи на нашата репрезентација.

Сите се со иста желба, да победиме со Чешка, па да славиме долго во ноќта. Но и да остават сили за следниот меч, со домаќинот Австрија што ќе се игра во вторник.

Се вчитува...