„Фалангата“ ја наполни арената „Датарт“ во Злин: Поддршка за Македонија од Виена, Прага, Братислава, Будимпешта… (ВИДЕО)

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Македонската „Фаланга“ ја наполни арената „Датарт“ во Злин во очекување на првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство против Чешка.

Повеќе од сериозна поддршка, како и секогаш, ќе имаат македонските ракометари и вечерва во Злин во очекување на позитивен резултат од првиот натпревар пред реванш-дуелот во Скопје за пет дена.

Македонските навивачи во Злин пристигнаа од Виена, Братислава, Прага, од Унгарија и од Словачка како поддршка за националниот тим.

Се вчитува...