„Фалангата“ наострена: Ќе ги вакцинираме Словенците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонските навивачи беа оптимистички расположени на еден час до почетокот на премиерниот дуел во Словенија. На различни делови од трибините можат да се забележат 50-ина фанови, а се очекува бројката до почетокот да се искачи над 200 члена на „фалангата“ во салата „Феникс“ во Дебрецин.

„Стотина ќе не има само од Битола, а сигурно уште повеќе од сите делови на Македонија“, коментираа дел од навивачите од градот на конзулите.

Меѓу нив и една група навивачи од Велес, со оригинални маици „Ќе ги вакцинираме Словенците“.

Штета што атмосферата е нарушена откако беше објавено дека капитенот Кире Лазаров е повреден, со што драстично се намалуваат ионака малите шанси за изненадување.

Се вчитува...