Фалкао доби овации во Мадрид, па промаши пенал против Атлетико (видеа)

Монако загуби со 2-0 на гостувањето против Атлетико Мадрид, а Радамел Фалкао по две работи ќе го памети својот настап против поранешниот клуб.

Првата, фантастичните овации што Колумбиецот ги доби при влегувањето во игра во второто полувреме, од навивачите што не ги забораваат неговите одлични настапи во дресот на „јоганџиите“. Втората, не по добро ако се знае дека Фалкао доби идеална шанса да се запише меѓу стрелците, но биеше непрецизно од единаесет метри.

Радамел Фалкао во кариерата одигра 91 натпревар за Атлетико Мадрид притоа постигнувајќи 70 погодоци и освојувајќи три трофеи.

Се вчитува...