Фалкао заминува од Монако, на пат кон Галатасарај

Искусниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао би можел да го напушти Монако. 32-годишниот фудбалер од поодамна е револтиран од состојбите во клубот па, наводно, цврсто е решен за заминување.

Понуда за Фалкао е пристигната од Турција од истанбулскиот гигант Галатасарај кој го посакува во своите редови.

Според тврдењата на француските медиуми веќе во тек се и преговорите меѓу двата тима, па трансферот би можел да се случи во јануарскиот преоден рок.

Колумбиецот сезонава во шампионатот во 16 натпревари запиша седум гола и две асистенции, додека во пет натпревари од Лигата на шампионите остана без учинок.

Се вчитува...