Фалкао го засилува Милан?

Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао до крајот на зимскиот преоден рок ќе го засили италијанскиот калчолигаш Милан, најавуваат медиумите на Апенините. Од „Сан Сиро“ најверојатно ќе си замине Гонзало Игуаин, кој е пред преселба во Челси, а тренерот Џенаро Гатузо сака да има на располагање друг квалитетен напаѓач. Побара од раководството да се обиде да го доведе Фалкао.

Колумбиецот од 2013 година е во редовите на Монако, а во тој период заминуваше на позајмици во Манчестер јунајтед и во Челси. На идентичен начин може да се реализира и неговото заминување на „Сан Сиро“ оваа зима.

 

Се вчитува...