Фалкао ќе биде нов соиграч на Столе Димитриевски?

Легендарниот голгетер Радамел Фалкао е пред трансфер во редовите на Рајо Валекано, пренесуваат шпанските медиуми. И покрај тоа што заврши преодниот рок, Колумбиецот е слободен играч и може да го бира својот нов клуб.

Фалкао која во својата богата кариера настапуваше за Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед и Челси, последните две сезони ги помина во редовите на Галатасарај, а по истекот на договор е блиску до враќање во шпанското првенство.

Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски по три одиграни кола во Премиера има учинок од една победа и два порази, а со голгетер од класата на „Ел Тигре“, сериозни ќе ги зголеми шансите за изборување на опстанок во елитното натпреварување во Шпанија.

Се вчитува...