Фалкао лут до бескрај: Ова е очај, ни требаат фудбалери а не деца!

Поранешниот француски шампион Монако се соочува и со можност за испаѓање од најсилната лига. Монако синоќа загуби и од последнопласираниот Гингамп пред своите навивачи со 0-2, па со 13 бода остана претпоследен на табелата.

Колумбиецот Радамел Фалкао е бесен, не може веќе се немо да следи, па одлучи да проговори за ситуацијата во клубот…

„На тимот му требаат вистински фудбалери, професионалци, а не играчи од резервната клупа и младинци. Ова е очајна ситуација. Некој треба да се свести зошто клубот не го заслужува ова“ – рече Фалкао по синоќешниот пораз од Гингамп.

Монако се базира на продажба на фудбалери секое лето, а како има повредени неколку првотимци, Анри се одлучи да им даде шанса на младинци од 18, 17 па дури и 16 години.

Се вчитува...