Фалкао: Сакам да давам голови и да носам победи, тоа ми е работа

Новото засилување на фудбалскиот состав Рајо Валјекано, Радамел Фалкао е убеден дека половина од Колумбиjците ќе ги гледаат натпреварите на неговиот тим.

Фалкао во својот деби натпревар за Рајо успеа да се запише во лситата на стрелци, па на тој начин учествуваше во победата на својот нов тим од шпанската Приемра, откако на домашен терен тој и неговите соиграчи го поразија тимот на Гетафе.

„Знам дека колумбискиот народ ќе не поддржи Рајо и мене. Се надевам дека ќе донесам голема радост на теренот. На стадионот ќе има многу Колумбијци. Имаме големи цели во Ла Лига. Очекувам да помогнам со сето мое искуство. Исто така, се надевам дека ќе постигнам многу голови. Нема да ми треба многу време за да се адаптирам“, вели Фалкао.

Се вчитува...