Фалкао, се поизвесно, на пат кон Милан

Искусниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао кариерата ја продолжува во Италија, во редовите на Милан, пишува „Скај спортс“.

Челниците на Милан се цврсто решени да го доведат Фалкао во своите редови ова лето. Според пишувањето на „Скај спортс“, од Милан најпрво би сакале кај себе да ги видат Игуаин или Мората, но Колумбиецот во овој момент им е далеку поприфатлива опција. Во Милан размислуваат најпрво Фалкао да го донесат на позајмица со право за откуп.

И самиот Фалкао неодамна изјави дека го радува интересот на клуб како што е Милан…

„Милан е еден од најдобрите клубови на светот. Отсекогаш ми биле специфично интересен клуб“ – рече Фалкао кој има договор со Монако до 2020 година.

Се вчитува...