Фалкао си оди од Монако, желба му е Реал Мадрид

Монако се наоѓа во огромна криза, Тиери Анри не делува како тренер што го има решението за враќање на победнички патеки, а и самите фудбалери имаат загубено верба дека работите можат да тргнат на подобро. Доказ за тоа е и инсистирањето на Радамел Фалкао да му биде дозволено веќе во јануарскиот преоден рок да си замине од Монако, со што Колумбиецот би бил еден од првите што ќе го напушти бродот што тоне на почетокот од 2019 година.

Шпанските медиуми информираат дека Фалкао веќе му се понудил на Реал Мадрид, откако неговите агенти контактирале со Флорентино Перез. Монако нема да прави проблеми бидејќи во ваква ситуација сака да се оослободи од убедливо најплатениот фудбалер во своите редови, а остнаува да се види дали Реал би испратил понуда за шестмесечна позајмица или пак за целосно откупување на неговиот договор.

„Кралевите“ се свесни дека им е потребен уште еден напаѓач во ситуација кога Бензема игра максимално променливо, а Фалкао би претставувал добро краткорочно решение, во пресрет на големиот летен шопинг што го најавува управата на актуелниот европски шампион.

Се вчитува...