Фалсификат потврда за примена вакцина ќе ги чини тенисерите 100 илјади долари и три години суспензија

Обврската за вакцинирање против коронавирусот навлегува и во спортот. Имено, откако организаторот на Австралија Опен изјави дека само вакцинирани тенисери ќе можат да настапат на првиот гранд-слем турнир во сезоната, денеска АТП бордот одлучи дека доколку некој тенисер фалсификува потврда за примена вакцина ќе подлежи под ригорозна казна.

Истата ќе изнесува 100 илјади американски долари и суспензија од три години од спортот. Оваа одлука наиде на жестоки реакции, меѓутоа колку истите ќе вродат плод останува да видиме. Напротив, најавите се дека стапките на турнирот во Мелбург ќе ги заследат и останати турнири.

Според некои извори досега околку 70 до 80 отсто од тенисерите се вакцинирани против коронавирусот.

Се вчитува...