Навивачите на Манчестер Јунајтед Френк Илет со нетрпение го чека натпреварот помеѓу неговиот омилен клуб и Вест Хем Јунајтед во Прмиерлигата, натпревар по кој по 482 денови конечно би можел да ја шиша косата.
Илет вети дека нема да ја скрати косата се дека неговиот Манчестер Јунајтед не победи пет натпревари во низа, а речиси година и пол подоцна конечно може да ја има таа „привилегија“ доколку „црвените ѓаволи“ ја продолжат победничката низа во натпреварот кој ќе се одигра во вторник.
Импресивното „ветување“ и трпение на фанот сепак нема да биде дополнителен мотив за Мајкл Керик и неговите избраници.
„Запознаен сум со тоа. Моите деца ми кажаа за тоа. Сигурно нема со тимот да говорам за тоа, тоа не е професионално. Го разбирам тоа и навистина ми предизвикува насмевка, но на крајот на денот за нас нема да има влијание за самиот натпревар“, изјави Керик најавувајќи го новиот предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

