Фановите го критикуваа за тежината, а Нејмар им одговори во свој стил

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар често е следен од спортската јавност, но и постијано е на мета на многу критики. Од бројните повреди, па до начинот на живот, а последна во низата е неговата тежина.

Имено, додека беше на годишен одмор, се појавија фотографии од Бразилецот, на кои сите го забележаа неговиот стомак.

Нејмар особено беше критикуван дека добил на тежина, па тој се реши да им одговори. Самиот се пошегува за дресот кој го носеше во натпреварот против Чиле.

„Дресот кој го носев против Чиле беше број „Л“, а следниот натпревар ќе побарам еден број помалку“, иронично напиша Бразилецот.

Иако е критикуван, Нејмар веројатно не е погоден од тоа. Во моментов тој е со репрезентацијата на Бразил, со која се подготвува за најголемото јужноамериканско дерби, утре против Аргентина.

Се вчитува...