Арсенал го прегази Манчестер Сити во дербито на 24. коло во Премиерлигата. Во својот дом „топчиите“ стигнаа до златка одмазда славејќи со 5-1 по што навивачите беа видно расположени.
Убедливиот триумф од трибините беше проследен со песната „Humble“ (скромен), а дел од навивачите држеа и напис на кој пишуваше „Остани скромен“ алудирајќи на зборовите кои Халанд ги упати кон тренерот Микел Артета по ремито од 2-2 во 5. коло.
Одговор имаше и самиот Халанд кој покажа на златното лого на Премиерлигата на ракавите давајќи им до знаење кој се уште е шампион.
Haaland showing Gabriel the gold Premier League badge😭😭😭 pic.twitter.com/G1S8hajmLY
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА