Фановите на „белиот спорт“ разочарани, Ролан Гарос ќе биде одложен и оваа година?

Француската министерка за спорт, Роксана Маракинеану, изјави дека е можно престижниот тениски турнир Ролан Гарос да не се одржува втора година по ред во традиционалниот термин поради пандемијата на коронавирусот.

Роксана напомена дека се моѓни нови промени, а главната цел е да биде спречено ширењето на на овој вирус.

“Ние разговараме со Француската тениска федерација за да видиме дали треба да го смениме датумот на Ролан Гарос. Иако спортот на високо ниво во Франција е зачуван засега, ние се обидуваме да ги ограничиме ризиците од ширење на вирусот во професионалните спортови и ситуацијата не е добра“, рече Марачинеану.

Франција започна трет карантин во саботата за да го спречи ширењето на коронавирусот, иако професионалните спортови во голема мерка беа поштедени. Исклучок е еднодневната велосипедска трка Париз-Рубе, која е одложена.

Ролан Гарос треба да започне на 23 мај оваа година, а минатата година беше одложен во традиционалниот термин и се одржа во октомври.

Се вчитува...