Фановите на Рома бесни, Наполи ќе го купи Манолас

Нервозата кај фановите на Рома се зголемува откако од клубот си заминаа иконите Франческо Тоти и Даниеле де Роси, а раководството не умее да ги задржи ниту дел од најдобрите фудбалери. Последен кој најверојатно ќе замине е грчкиот интернационалец Костас Манолас. Тој е многу блиску до трансфер во Наполи, кој ќе ја плати отштетната клаузула вредна 36 милиони евра.

Најверните навивачи на Рома најавуваат протести против сопственикот Палота, а новиот тренер Пауло Фонсека ќе треба да формира нов тим во претстојниот период.

Се вчитува...