Фановите на Рома се збогуваа со Даниеле де Роси: „Сите ние сме ДДР“ (ВИДЕО)

Доживеа полнолетство во дресот на Рома. Заедно со легендарниот Франческо Тоти, тој е најверниот фудбалер на „волчицата“, помина цели 18 години на „Олимпико“ како професионален фудбалер. Даниеле де Роси синоќа го одигра последниот меч во дресот на Рома, а фановите му порачаа дека секогаш ќе остане еден од нив.

„Сите ние сме ДДР“, беше транспарентот со посебна посвета за Даниеле де Роси. Тој си заминува од клубот и на крајно емотивен начин се збогува со „романистите“.

 

Се вчитува...