Фановите на Звезда загрижени: Станковиќ заминува за да води тим во Серија „А“!?

Фановите на Црвена Звезда денеска останаа загрижени откако се појави информација дека легендата на клубот и моментален тренер Дејан Станковиќ, заминува во Италија на финални преговори со екипата на Сампдорија.

Тимот од Џенова е заинтересиран за Станковиќ на клупата, а веќе еднаш имаа преговори двете страни, но не дојдоа до договор. Сега можеби работите се сменети, па Станковиќ ќе се реши да замине во една од најсилните првенства во Европа.

Станковиќ има огромно искуство со играње во Серија „А“ и е добро познат на фудбалската јавност во таа земја. Тој беше дел од Лацио и од Интер и освои се што можеше да се освои. Беше дел од златната генерација на Интер заедно со Горан Пандев која ја освои тројната круна во 2010 година.

Се вчитува...