Фантастичен гест  – Леброн Џејмс му го даде својот дрес на Дончиќ

Лука Дончиќ стана вистински хит во НБА лигата. Со свооите фантастични настапи во деби сезоната  во дресот на Далас маверикс, 19-годишниот Словенец ги воодушевува дури и големите ѕвезди.

Во синоќешниот натпревар, Далас загуби од ЛА лејкерс, но на Лука Дончиќ му се оствари големиот сон – да заигра против Леброн Џејмс. Дончиќ одново беше меѓу најдобрите во составот на Далас со 14 поени, а после мечот, Словенецот на подарок го доби дресот од „кралот Џејмс“ со потпис и посвета.

Среќниот Лука Дончиќ се пофали со драгоцениот подарок на својот инстаграм профил.

Се вчитува...