Фантастичен Нено Димитријевиќ, Баерн Минхен го врати брејкот

Фантастична партија имаше Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен, и беше најзаслужен што „Баварците“ поведоа со 2-1 на патот кон шампионската титула во Германија, откако го совлада тимот на Алба Берлин со 83-91.

Македонскиот кошаркар имаше неверојатно 19 поени, надополнети со шест асистенции, и еден скок, а во 38. минута доби петта лична грешка, и мораше предвреме да го завшри мечот како најефикасен играч на мечот.

Баерн Минхен со тоа веднаш го врати брејкот откако пред три дена, Алба славеше во Минхен, и сега и четвртиот меч ќе се игра во Берлин, каде Баерн може да ја освои титулата ако дојде до победа.

Се вчитува...