Фантастичен рекорд на Партизан во Евролигата

Партизан вечерва против Панатинаикос го игра последниот домашен меч во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, на кој повторно „црно-белите“ ја пробија границата од 20.000 навивачи на трибините во белградска Арена.

Поточно, вечерва во салата има 20.017 навивачи, а уште поимпресивно делува вкупната статистика, која вели дека домаќните натпревари на Партизан сезонава во Евролигата ги следеле вкупно 302.302 фанови на трибините.

Ова е апсолутен рекорд во историјата на елитното европско кошаркарско натпреварување, со просечна посета од 17.782 навивачи по натпревар.

Партизан е и сопственик на рекордот за најпосетен натпревар во историјата на Евролигата, од сезоната 2008/09 кога домашен меч на „црно-белите“ беше следен од 22.567 навивачи.

Се вчитува...