Фантастична насловна на „Марка“: Како во детски сон, Реал против Атлетико

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а прекрасна најава направи најпознатиот шпански спортски весник „Марка“ на својата насловна страница. Две дечиња во дресовите на најголемите ѕвезди, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, со фудбалската топка од Лигата на шампионите, чекаат пред влезот во мадридското метро, а станицата асоцира за пат во Кардиф, каде се игра големото финале.

naslovna marca

Се вчитува...