Фантастичниот Дани Олмо со рекорд на „црвената фурија“

Дани Олмо е уште еден во низата шпански фудбалери кои играат во топ-форма на овој светски шампионат, па поранешниот ас на Динамо Загреб стигна до извонредно достигнување против Франција, израмнувајќи се со Цеск Фабрегас како играчи со најмногу асистенции во дресот на Шпанија на големите натпреварувања.

Олмо маестрално го проигра Педро Поро за вториот гол против „триколорите“, што беше осма асистенција на плејмејкерот на Барса на светските и на европските првенства.

Тој имаше едно успешно додавање досега на СП 2026, при погодокот на Ојарзабал против Саудиска Арабија, а со синоќешниот „пас“ до Поро е рамо до рамо со Фабрегас, со можност да го мине целосно поранешниот плејмејкер на Барса, Челси и Арсенал доколку има успешна интервенција и на неделното големо мундијалско финале.

Олмо е поуспешен од Фабрегас ако се знае дека за оваа бројка му требаа само 22 средби, Цеск стигна до осум асистенции на 26 натпревари за Шпанија на светските и европските првенства.

Зад нив на оваа ранг-листа се Иниеста со шест и Чави и Жорди Алба со по пет асистенции.

Се вчитува...