Фантастичниот Димитријевиќ го предводеше Уникс Казан до титула во Русија!

Ненад Димитријевиќ го одигра можеби мечот на кариерата денеска постигнувајќи 34 поени во петтиот натпревар и носејќи го тимот на Уникс Казан до првата историска титула во Русија. Димитријевиќ практично самиот го совлада тимот на Локомотив Кубан, и така го однесе својот тим до победа од 4-1 со која Уникс слави шампионска титула.

Уникс на крајот славеше 98-89. Тимот од Казан уште по првиот дел се стекна со голема предност, која ја одржи до крајот, и покрај тоа што ги „загуби“ третата и четвртата четвртина (19-28 и 21-24). Сепак, тоа не беше доволно за Локомотив Кубан да го стигне резултатот и да ја загрози победата.

Претходно Емил Рајковиќ со неговата ЦСКА Москва го освои третото место.

Се вчитува...