Фантастичниот Димитријевиќ за победа на Баерн во плеј-офот

Најдобар стрелец и најдобар асистент на теренот во Минхен беше Ненад Димитријевиќ во победата на Баерн над Трир со 92-65. Нено го заврши натпреварот со 16 поени и девет асистенции а додаде и два скока.

Со тоа Баерн Минхен успеа да поведе во серијата со 1-0, и се чини без проблем ќе ја мине пречката во 1/4 финалето.

Димитријевиќ на натпреварот имаше 3/5 за два поени, 3/4 за три поени и 4/4 од слободни фрлања. Треба да се има во предвид дека мина само 15 минути на паркетот, но повеќе беше на поштеда за финишот од сезоната.

Се вчитува...