Фантастичниот Костески со 12 гола донесе триумф на Линц

Македонскиот интернационалец Никола Костески одигра меч за паметење во дресот на Линц, предводејќи го својот тим до победа од 34-32 над Грац.

Поранешниот ракометар на Металург беше незапирлив постигнувајќи вкупно 12 погодоци, помагајќи му на својот тим да направи целосен пресврт откако Грац по првото полувреме водеше со 14-19. Костески за одличното издание сосема оправдано ја доби и МВП наградата за најдобар играч на натпреварот.

И покрај денешниот триумф, Линц останува последен на табелата, со мали шанси да обезбеди опстанок во елитното австриско ракометно друштво.

Се вчитува...