ФАНТАСТИЧНО: Дејан Георгиевски го покори светскиот првак, чекор напред до олимписки медал

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски оствари фантастичен успех откако го победи светскиот првак Рафаел Алба Кастилјо од Куба со 11-8 на поени, во категоријата до 80 килограми на Олимписките Игри во Токио.

Георгиевски во неколку наврати во пресрет на овие ОИ говореше дека желба му е да се закити со олимписки медал, нешто што со оваа победа е многу блиску бидејќи го елиминираше еден од најдобрите таеквондисти на денешницата, пласирајќи се во четвртфиналето. Првата рунда почна со казнен поен за Македонецот, кој потоа почна да доминира и го заврши првиот дел од борбата со водство од 5-1. Георгиевски продолжи во идентичен ритам, па по две рунди резултатот гласеше 10-3 за нашиот репрезентативец.

Тактизирањето во последните минути овозможи Кубанецот да се приближи на 10-8, за Георгиевски со казнен поен на противникот во самиот финиш да стави печат на голмата победа.

Во четвртфиналето македонскиот репрезентативец ќе се бори со Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска.

Се вчитува...