Фантомски или не…Шкендија си прослави во соблекувалната (ФОТО)

Актуелниот првак Шкендија го совлада Вардар со 0-2 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, но дербито ќе остане под превезот на сомнително признатиот прв гол на тетовскиот прволигаш. Изаир Емини шутираше со глава, Гачевски интервентираше, а топката се движеше по гол – линијата.

Никој не може да потврди дали со цел обем беше внатре во голот, а Македонија и Првата лига се далеку од ВАР – технологијата. Кај нас едвај има и интернет преноси на натпреварите, за јавноста да добие барем приближен впечаток за случувањата на фудбалските мечеви.

Фантомски или не…трите бода патуваат за Тетово, а фудбалерите на Шкендија знаеја како тоа да го прослават во соблекувалната.

Се вчитува...