„Фармацевтите“ се први финалисти во Купот на Германија

Баер Леверкузен го осигура првиот билет за финалето од Купот на Германија откако вечерва рутински славеше на гостувањето против Сарбрикен со 0-3. Нисколигашот приреди неколку изненадувања во ова натпреварување, но немаше сили за ново чудо, „фармацевтите“ од почеток до крај го контролираа темпото на мечот и заслужено стигнаа до победата.

Гостите од Леверкузен настапија без повредените Хаверц и Бејли, но и во отсуство на овие двајца одлични офанзивци рутински го осигураа триумфот. Победникот беше решен во првите дваесетина минути, кога Диаби и Аларио донесоа предност од 0-2. Конечните 0-3 во второто полувреме ги постави „резервистот“ Белараби.

Во второто полуфинале утре силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Ајнтрахт.

Се вчитува...