„Фармацевтите“ се спасуваа од пораз и освоија бод против Штутгарт (ВИДЕО)

Откако минатото коло ремизираше со Борусија Дортмунд, лидерот во Бундеслигата тимот на Баер Леверкузен не победи на втор меч по ред, но ја зголемија разликата во однос на Баерн Минхен кој вчера доживеа катастрофален пораз на гостувањето во Франкфурт.

Штутгарт игра одлично сезонава, а тоа го покажаа и вечерва откако први поведоа со голот на Фирих. Одлично прво полувреме за „швабите“ кои го заокружија со предност, иако можеа да водат и со повисока разлика, со оглед дека имаа упатено дури 11 удари во рамките на голот во првите 45. минути.

Во вториот дел подобра игра на гостите од Леверкузен. Флоријан Вирц стигна до гол во 47. минута и го израмни резултатот. „Фарацмевтите“ тргнаа и по победата, но не успеаја да реализираат во финишот. Можеа да бидат и казнети од страна на Штутгарт, но и Храдецки се истакна со неколку одбрани.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...