„Фармацевтите“ со лесна победа, Хофенхајм го „сврте“ Вердер

Баер Леверкузен и во второто коло од Бундес-лигата стигна до рутинска победа, овојпат од 1-3 на гостувањето против Фортуна Дизелдорф. „Фармацевтите“ максимално мотивирано влегоа во мечот, па дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме, поведувајќи со 0-3 преку Бејкер (автогол), Арангуиз и Белараби.

Најинтересно беше на дуелот меѓу Хофенхајм и Вердер, на кој домаќините славеа со 3-2 иако гостите од Бремен имаа водство од 0-1 по првите 45 минути игра. Хофенхајм набрзина поведе со 2-1, пото следеше црвен картон за Вердер, но и израмнувачки погодок на Осако, пред Кадебакер во 87. минута да им донесе огромна радост на домашните фанови.

Резултати Германија:

Падерборн – Фрајбург 1-3, Фортуна – Баер Л. 1-3, Аугсбург – У. Берлин 1-1, Хофенхајм – Вердер 3-2, Мајнц – Борусија М. 1-3.

Се вчитува...