„Фармацевтите“ убедливи, лудо прво полувреме во Штутгарт

Баер Леверкузен со убедлива побебда од 1-4 на гостувањето против Аугсбург се искачи на првото место на табелата во Бундес-лигата, во пресрет на попладневниот дуел меѓу Баерн Минхен и Херта.

„Фармацевтите“ имаа и многу среќа на денешниот меч, ако се знае дека по само десетина минути игра поведоа со 0-2 со двата автогола на домашните фудбалери Јаго и Нидерлехнер. Токму Нидерлехнер го постигна голот за 1-2 за Аугсбург, но гостите од Леверкузен беа подобри противници на овој меч и преку Шик и Вирц.

Фрајбург стигна до цел плен на гостувањето против Штутгарт (2-3) во мечот што го одбележа неверојатна игра во првото полувреме. Гостите набрзина поведоа со 0-3, но „швабите“ не се откажаа и со два гола во судиското продолженија намалија на 2-3. До крајот на мечот и покрај обидите на домаќините за израмнување, Фрајбург успеа да одолее на нивните налети и да ги овои трите бода.

Хауге беше стрелец за Ајнтрахт по трансферот од Милан, но тимот од Франкфурт сепак освои само еден бод против Арминија откако домаќините израмнија со голот на Вимер во 86. минута.

Резултати Германија:

Арминија – Ајнтрахт 1-1, Штутгарт – Фрајбург 2-3, Аугсбург – Баер Леверкузен 1-4, Мајнц – Гројтер 3-0, Келн – Бохум 2-1.

Се вчитува...