„Фармацевтот“ Фоланд потпиша за Монако

Монако донесе значајно засилување за наредната сезона потпишувајќи договор со Кевин Фоланд од Баер Леверкузен. Голгетерот на „фармацевтите“ се наоѓаше на врвот на листата со желби на новиот тренер Нико Ковач, а управата на Монако по долги преговори конечно постигна договор со Баер Леверкузен околу висината на трансферот.

„Кнезовите“ одлично минаа, платија само 11 милиони евра, плус дополнителни четири милиони евра преку неколку клаузули, симболична отштета за играчот што до ланската сезона беше проценуван над 30 милиони евра. Фоланд досега има 77 погодоци и 62 асистенции во Бундес-лигата, а минатата сезона беше втор стрелец на „фармацевтите“ со десет погодоци, надополнети со осум асистенции.

Баер Леверкузен веќе го договори и неговиот наследник, чешкиот репрезентативец Патрик Шик кој беше потпишан од Рома за 30 милиони евра, откако ја мина ланската сезона на позајмица во бундеслигашот Лајпциг.

Се вчитува...