Хрватскиот клупски фудбал не може без фарси, па на нов преседан бевме сведоци на куп-дуелот меѓу аутсајдерот Слога од Мравинац и шампионот Динамо Загреб.
Гостите предводени од Аријан Адеми се мачеа да го скршат отпорот на нисколигашот, па на крајот едвај победија со 0-1 со контроверзен пенал што го реализираше Будимир. Домашните играчи долго време протестираа кај судијата, а откако тој не ја промени својата одлука, фудбалерот кој го направи пеналот, Јуричиќ, одбди да продолжи да игра.
„Овде судијата решил кој да победи и нема потреба да го доиграм мечот, затоа и си излегов од теренот. Ситуацијата беше едноставна – еден играч на Динамо ме турна од зад грб, јас при падот ја фатив топката со раце, а судијата наместо да досуди прекршок покажа на белата точка“ – изјави Јуричиќ веднаш по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА