Фатих Терим замина од кормилото на Турција

Фудбалската репрезентација на Турција од денеска е без селектор, откако Фатих Терим по трет пат го напушти националниот тим. Несогласувањата помеѓу Терим и челниците од федерацијата се главна причина за предвремен раскин на соработката.

Челниците на фудбалската федерација на Турција веќе воспоставиле контакт со тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, да седне на селекторското столче за да ги доврши квалификациите за СП во Русија, додека останати кандидати за оваа позиција се Мустафа Денизли и Мирчеа Луческу.

Терим, пак, се очекува да биде назначен за тренер на турскиот прволигаш Галатасарај.

  

Се вчитува...