Фаулер: На Арсенал му треба некој подобар шпиц од Хаверц ако сака да ја освои титулата

Легендарниот фудбалер на Ливерпул Роби Фаулер, го критикуваше фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц и изрази сомнежи во неговите квалитети.

Тој и порача на челниците на „топчиите“ да ангажираат нов голгетер, ако сакаат да ја освојат Премиерлигата.

„Да бидам искрен, не ми се допаѓа Хаверц. Да не бидам погрешно разбран, добар играч, но ако тимот е сериозен кандидат за освојување на Премиерлигата и Лигата на шампионите, тогаш ви треба некој подобар од него. Ќе си ја заврши работата, но не е толку стабилен како што треба да биде. Едноставно, мислам дека сега има подобри играчи таму“, изјави Фаулер.

Се вчитува...